ГРУПАЦИЈАТА ФЕРО ИНВЕСТ И ФАБРИКАТА БРАКО ОДБЕЛЕЖАА 20 ГОДИНИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ И СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ
➢ Актуелно (24.11.2023, во 14:39:00)
👁 Прочитано: 1776




ГРУПАЦИЈАТА ФЕРО ИНВЕСТ И ФАБРИКАТА БРАКО ОДБЕЛЕЖАА 20 ГОДИНИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ И СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИКликни за повеќе

Групацијата Феро Инвест и велешката фабрика Брако со фасцинантна прослава го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешното работење на македонскиот пазар и на меѓународните пазари, при што своите производи ги дистрибуираат во над 60 земји на сите континенти во светот.

Сопственикот и главен извршен директор на Феро Инвест и Брако, проф. д-р Кочо Анѓушев, во своето обраќање пред присутните над 800 гости потенцираше дека за успех се потребни посветеност, професионалност, постојани вложувања, а особено нагласи дека за да се пробиеш на меѓународните пазари потребно е да се создаваат силни партнерства и да се вложува во создавање на квалитетен кадар.

На настанот беше промовиран нов модел на електрично возило за одржување на хигиена во урбани средини GM 720 ZE, двокубично компактно градско возило, со најмодерни електрични хап мотори, развиено од идеја до целосна реализација од инженери во БРАКО, во сорабока со Машинскиот факултет во Скопје.

Групацијата Феро Инвест е лидер во областа на обновливите извори на енергија со реализирани над 100 проекти за мали хидро електрани, фотоволтаици, биогасни централи и трафостаници, додека БРАКО е компанија која произведува најсовремени електрични и водородни возила за одржување на хигиена во урбани услови, автоматизирани машини, метални консутрукции, медиински помагала, опрема и мебел, како и цела палета на жичани производи, а своите произвори ги пласира во над 60 земји во светот.

Во продолжение го објавуваме целото обраќање на проф. д-р Кочо Анѓушев.

Служба за информирање при Комората