„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Хотелот Александар Палас, прв хотел со 5 ѕвезди, еден од најзначајните и најпрестижни хотели во државата, познат како центар за конгреси, деловни настани, со стратешка локација, со децении останува местото каде се создаваат бизниси, деловни партнерства, се иницираат идеи за нови економски, општествени активности. Но не само бизнис, Александар Палас е и место за уживање, рекреација, забава. И се тоа заедно создава пријатен амбиент спојувајќи ги работата и релаксацијата.
Со Шефки Идризи, ДОО „Ренова“ Тетово, еден од осумте личности кој во 2004 година беше дел од Одбор за суштинска трансформација на Комората, а потоа во периодот 2005 – 2010 година и потпретседател на Стопанската комора.
Овие неформални средби се случуваат во период кога во просториите во хотелот внатре, во деловните сали се реализираше и бизнис форумот на иницијатива на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и амбасадорот на Република Албанија во РСМ, Н.Е. Денион Мејдани, со импозантен интерес од многу бизнисмени но и институционална поддршка од двете земји, што само го потврдува огромниот интерес за поинтензивна меѓусебна соработка.
Во своето обраќање на Форумот, претседателот на Стопанската комора, стави акцент на важноста на извозот, инфраструктурата и инвестициите, на пристаништето во Драч кое треба да биде сериозна алтернатива за нови инфраструктурни поврзувања и за македонскиот бизнис, а упати и апел, „да се обединиме, да го легализираме прометот и да постигнеме над 1 милијарда долари трговска размена“, бидејќи како што посочи Азески, постојната трговска соработка од 207 милиони долари треба да е срам за бизнисмените.
.jpg)
Со Инес Мукостепа, претседател на
Стопанската комора на Албанија

Со Џемаил Даути пред почетокот на Бизнис
форумот

Со заменик претседателот на
Владата и министер за транспорт и врски
Александар Николоски

Со заменик претседателот на Поздравни обраќања на Бизнис форумот
Суштината на бизнисот е во постојано барање нови предизвици вели претседателот Азески и потсети дека уште пред еден век се размислувало подалековидо во однос на инфраструктурното поврзување и создавањето коридори. Порача и дека Комората стои зад бизнисот и дека довербата на компаниите е од суштинско значење, нагласувајќи дека „поголем профит за компаниите носи подобар стандард за граѓаните и напредок за државите“.
.jpg)
А во низата деловни средби кои во деловно релаксираниот амбиент во хотелот (на просторот на тениските игралишта) во Александар Палас се случуваа вчера беше и состанокот на претседателот Бранко Азески со Елира Кокона, прв човек на државната институција - Корпорација за инвестициски вложувања во Албанија, преку која се координираат сите инвестиции на компании од други земји, но и инвестициите на албански компании надвор од границите.