„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
На иницијатива на компанијата Тексомак од Прилеп, во Регионалната комора со седиште во Прилеп се одржа работна средба со компаниите од Прилеп кои имаат текстилен отпад. Состанокот го отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Никола Мариновски.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во управувањето со текстилен отпад и новонастанатата ситуација со приемот на истиот од страна на ЈКП „Комуналец“ Прилеп кој во овој момент поседува само лиценца за измешан комунален отпад, со цел разгледување на состојбата, појаснување на законските обврски и дефинирање на чекори за координација и ефикасно постапување во наредниот период. Во насока на разгледување на можностите за складирање на текстилен и други типови отпад и нивно балирање, ќе се интензивира институционалната комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и со ЈКП Комуналец Прилеп.
Компаниите, на средбата, предложија повеќе оперативни модели кои подразбираат и соодветни измени во начинот на постапување на јавното претпријатие и колективните постапувачи, што ќе бидат предмет на разработка во наредниот период, а со цел намалување на трошоците за компаниите, усогласување со законската регулатива и ефикасно управување со отпадните текови.