Стопанската Комора на Северна Македонија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да земете учество на „Текстил Контект“, кој се реализира онлајн во период од 26-27 мај 2026 година.
„Текстил Конект“
Home | Textile Connect 2026 е онлајн платформа посветена на градење значајни врски меѓу компаниите, дизајнерите и производствените партнери низ текстилната индустрија.
За кого е наменет овој настан?
- Дистрибутери, стоковни куќи и модни бутици кои имаат за цел да откријат нови производи, брендови и добавувачи за да го прошират своето портфолио на производи.
- Брендови во развој и стартапи кои бараат сигурни производствени партнери, материјали и индустриски сознанија за поддршка на нивниот раст
- Добавувачи и производител на ткаенини или други текстилни материјали кои сакаат да се поврзат со потенцијални клиенти, да ги претстават своите способности и да изградат долгогодишни соработки.
- Дизајнери или купувачи кои сакаат да воспостават вредни партнерства со иновативни и одржливи компании за производство, да ја прошират својата база на добавувачи и да оживеат нови идеи
- Даватели на специјализирани услуги за текстилната индустрија, вклучувајќи шиење, боење, печатење и други, кои сакаат да ја презентираат својата експертиза, да ги истакнат своите услуги и да ја прошират својата професионална мрежа.
Придружете се на настанот и поврзете се со професионалци од индустријата, со цел да истражите нови можности за соработка.