„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Азески во меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана, најдобро рангиран на Шангајската листа во регионот

23.02.2026

| Актуелно

 Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на 8 март 2026 година во Љубљана ќе биде промовиран во член на меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Ова е уште едно признание на нашите напори да воспоставиме врска меѓу науката и бизнисот, вели Азески за изборот на оваа престижна функција во друштво на многу значајни имиња од бизнис и универзитетската сфера на Европа, проф. Ана Паула Африкано С. Силва, при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау, банкарска групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент, „Ото Бајсхајм“, Диелдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“, Словенија, Бранко Зибрет, „Kearney“, Австрија.

Економскиот факултет во Љубљана е една од највлијателните и водечки високо образовни институции во образовната и научно-истражувачката област на економијата и бизнисот во Словенија и поширокиот регион која создава идни лидери, иноватори и стратези. Економскиот факултет во Љубљана се фокусира на истражувањето, организирајќи над 30 научно-истражувачки семинари и конференции годишно, чии резултати се објавуваат во водечките светски научни списанија. Лабораториите овозможуваат истражување на пресекот на економијата, финансиите и психологијата, отворајќи ја вратата кон нови решенија за иднината.

Универзитетот во Љубљана е единствениот словенечки универзитет кој е рангиран меѓу 500-те најдобри универзитети во светот, според Академското рангирање на светските универзитети (ARWU), попознато како Шангајско рангирање според неколку критериуми меѓу кои добитници на нобелови награди, цитирани истражувачи, индекс на цитати, трудови објавени во научни организации (Nature и Science) и сл., од 2003 година наваму.  Економскиот факултет во Љубљана е номиниран на 60-тото место на Шангајската листа.

П.С. Утре во Стопанската комора ќе се одржи промотивен настан: РЕВОЛУЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: МОЌТА НА ДУАЛНОTO ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Прв заокружен проект од трите големи приоритети на Комората, на кој само ќе се потврди важната улога на бизнисот во проектот инициран во 2014-та година. Стопанската комора, на група компании и стручни училишта со набавка на опрема за реализација на практичната обука, со помош на Германската развојна Банка КФВ (KFW), само го дозаокружи системот на дуалното образование во средните стручни училишта. Утре, вторник 24.2.2026 година, продолжуваме со промоција на нашиот фокусот – стручно дуално и во високото образование за потребите на бизнисот.