„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Македонија значително заостанува зад Словенија според бројот на извозни компании, производи и пазари, како и според вкупната вредност на извозот.
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, посочува дека Македонија извезува во 80 земји, има околу 3.000 извозни компании и 447 извозни производи, додека Словенија извезува во 150 земји, има 8.000 извозни компании и 1.076 извозни производи.
М-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Комората, укажува дека разликата е видлива и во вредноста на извозот, која во 2025 година, според изнесените податоци, достигнува околу 8 милијарди евра во Македонија, наспроти 72 милијарди евра во Словенија.
Дополнително, покриеноста на увозот со извоз кај нас е околу 70%, додека кај Словенија изнесува 100,2%. Овие показатели, нагласува Димовска, не треба да се анализираат само како статистички податоци, туку како показател за конкурентноста и структурата на економијата, со цел да се утврдат причините за разликите и можностите за унапредување на извозните перформанси.