„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Претседателот Азески на работна средба со Иницијативниот одбор за македонско-израелска бизнис-соработка

19.10.2026

| Новости

Претседателот на СКСМ Бранко Азески одржа работна средба со делегација на Иницијативниот одбор за македонско-израелска деловна соработка, составена од адвокатот Мајкл Голдштајн, почесниот конзул на Израел во Македонија Градимир Шумковски, адвокатот Тони Менкиноски и проф. Трајан Балканов.

Главна тема на средбата беше продлабочувањето на меѓусебната економска соработка, која во моментот изнесува (незавидни) 47,8 милиони САД $ во 2025 година. Иако преставува раст од 72% споредено со истиот период во 2024 година, сепак за седумте месеци во 2026 година размената има пад од 20 %. Со Израел имаме суфицит во раземната, но нејзино подигнување на повисоко, подинамично ниво е возможно преку конкретни развојни иницијативи:

·         Инвестиции во клучните сектори: Зајакнување на партнерствата, а особено привлекување и реализација на инвестиции во четири стратешки области — земјоделство, енергетика, инфраструктура и рударство.

·         Транспортно поврзување: Иницирање активности за воспоставување директна авионска линија меѓу Македонија и Израел со цел олеснување на деловните релации, протокот на патници и трговската размена.

·         Збратимување на градови: Продлабочување на соработката преку процеси на збратимување градови од двете земји, што ќе создаде институционална основа и директен мост за долгорочно поврзување и вмрежување на компаниите од соодветните средини.

На состанокот, кој се реализираше во Комората, заеднички беше оценето дека истиот е исклучително конструктивен, изразувајќи заемна подготвеност за преточување на иницијативите во конкретни активности. Беше заклучено дека во претстојниот период ќе се интензивира оперативната комуникација, со цел да се синхронизираат напорите на институциите и деловните субјекти за успешно отворање нови пазарни перспективи и зајакнување на економските врски.