„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Како до поголема извозна компонента на државата

19.10.2026

| Новости

Зголемувањето на извозот бара јасно дефинирани приоритети и насочување на државните ресурси кон индустриите во кои македонската економија има потенцијал за поголема додадена вредност и конкурентност.

Во разговорот со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, м-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Комората, истакнува дека е неопходна посоодветна индустриска политика, со која досегашната хоризонтална поддршка би се надополнила со поддршка за индустриите и дејностите со најголем развоен и извозен потенцијал.

Според Димовска, наместо средствата да се распределуваат подеднакво меѓу сите индустрии, државата треба да ги концентрира таму каде што постојат компаративни предности и можности за создавање повисока додадена вредност, преку директна финансиска стимулација на компаниите.

Целиот разговор е на линкот https://youtube.com/shorts/kD-bYw10Jkc?feature=share