„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески присуствуваше на настан организиран во општината Прилеп, каде околу 40 млади од средните стручни училишта од градот и околината, пред бизнис заедницата претставија 20 бизнис идеи за иновации кои наоѓаат примена во стопанството и секојдневниот живот, со компонентна на еколошка свест и технолошки напредни карактеристики. Настанот „Пич сцена Прилеп“, го организираа невладината „Генвајб“ од Прилеп и Регионалната Стопанска комора, на кој присуствуваа и високи претставниците од Стопанската комора на Македонија.
Претседателот на прилепската регионална стопанска комора Никола Мариноски нагласи дека ова е мотивација, младите да размислуваат претприемнички и дека во свет на индивидуализам, младите ќе може да бидат слушнати, да се докажат пред јавноста и нивните идеи да бидат прифатени.
Комората, која образовната политика ја става со години високо во фокусот на своите приоритети и е една од трите клучни прашања на кои работи, го охрабрува вакви проекти, бидејќи стопанствениците се заинтересирани да ги прифатат. Без образование и без соодветен кадар ние не може да размислуваме за развој на економијата. Импозантно е што младите се од средните стручни училишта, а ние, како Комора, повеќе од деценија и половина работиме на поттикнување на дуалното образование. Постои голем интерес кај бизнис секторот за поддршка на иновативните идеи и проекти кои ќе најдат примена во стопанството. Всушност неколку години наназад Комората со меѓународни финансиски партнери инвестира во средните стручни училишта за нивно опремување со цел реализација квалитативна практична обука а се со цел да се обезбеди кадар за потребите на пазарот и онака како што налага економската стратегија на државата.
Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им порача на младите да веруваат во своите идеи кои наидуваат на поддршка и од локалната самоуправа. Истакна дека како општина сакаме да градиме средина во која младите нема воопшто да размислуваат како да заминат, туку ќе имаат причина да останат, да создаваат и да успеат тука. Прилеп е град со силен стопански и претприемачки дух. Тоа е град во кој со децении се создава, се произведува, се инвестира и се работи. Затоа вели градоначалникоѕ, сметам дека е сосема природно токму овде да отвораме простор за новата генерација претприемачи.
Следејќи ги презентациите на тимовите, претседателот Азески, во присуство на извршниот директор на Комората м-р Антони Пешев и проф. д-р Дарко Лазаров, проректор за инвестиции и развој при УГД - Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората на еден од учесниците му додели статуетка со коморски знак во чест на извонредно предложено иновативно решение, а на сите учесници им беа поделени книги во продукција на Комората чиј автор и иницијатор е токму претседателот на Комората.
.jpg)