„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Очекувања за нови поврзувања

20.09.2026

| Новости

 м-р Антонета Манова Ставреска, проектен менаџер во Стопанската комора

Конференцијата претставува мост, очекуваме повеќе спојување на малите и средни бизниси со финансиските друштва, односно со целиот финансиски сектор, тука не ги исклучувам банките, значи со целиот финансиски сектор, со цело обезбедување на побрзи поедноставни финансии за нивните идеи, работен капитал, средства, се што им треба за да го развијат бизнисот.

Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва

Јас ќе бидам задоволен да покажеме... ние како земји сме мали, да покажеме дека заедно сме посилни како регион и дека можеме да издејствуваме на заедничка маса да ги седнеме сите кои учествуваат во финансикиот сектор и да ги споделиме искуствата, идеите и ќе бидам многу среќен ако се склучат некои партнерства или се случат инвестиции кои ќе произлезат од нашата конференција