„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Во Македонија земјоделството, заедно со прехранбената индустрија вработува 10% од вкупно вработените кај правните лица, а во вкупниот БДП учествува со 18% , од кое само земјоделството и рибарството со 12% , со 6% прехранбената индустрија. Со производство и преработка на храна во Македонија се занимаваат 7100 претпријатија.
Членките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија, согласно својата поконкретна дејност и интереси, во рамките на нивната кровна асоцијација -Здружението, организирани се во посебни организациони форми -групации кои ги застапуват интересите од гранката на која и припаѓаат , меѓу кои:
- даваат предлози и ги застапуваат интересите на членките од својата дејност при донесувањето на мерките на економската политика од страна на државните органи,
- учествуваат во изработката на законодавната регулатива во земјоделството и прехранбената индустрија преку давање на мислење, предлози за нивно изменување или дополнување во процесот на нивното донесување,
- иницираат и предлагаат одредени системски мерки и законски решенија во функција на унапредување на условите за производство на храна,
- организирано заеднички настапуваат на одделни саеми, бизнис форуми и други пропагандни активности во земјата и странство,
- меѓусебно се помагаат во одделни практични зафати ( заеднички извоз, заедничка набавка на одделна суровина од увоз и др) во интерес на унапредување на производството и пласманот на домашниот и странскиот пазар
Престедател на Здружението е Ѓорѓи Петрушев-"Млекара Битола АД"-Битола
Веле Ристевски, ЕДИНСТВО, Тетово
Влатко Ѓорѓиевски, МИК СВЕТИ НИКОЛЕ, Свети Николе
Ирена Брцкова, ПИ КРИСТАЛ 1923 (БЛАГОЈ ЃОРЕВ), Велес
Коста Ташков, БРИЛИЈАНТ, Штип
Николчо Горгиев, МАК МЛИН, Чешиново Облешево
Ристо Јосифовски, ВИВАКС, Скопје
Групација на кондиторската индустрија
Групација на конзервната индустрија
Групација на мелничко пекарската индустрија
Групација на оранжериско и пластеничко производство
Групација на производители на алкохолни, безалкохолни пијалоци и води
Групација на производители на грозје и вино
Групација на производители на свинско месо
Групација на производителите и преработувачи на месо
Земјоделството (вклучително и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 6-8 %, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 10-12 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Кај обработливата површина во 2023 година, намалување е забележано кај категориите овоштарници за 2.5 % и лозјата за 4.6 %.
Графикон 1:. Структура на земјиште со кое располагаат земјоделските стопанства во РМ-по региони(извор: ДЗС на РСМ)
Табела 1: Структура на земјиште со кое располагаат земјоделските стопанства во РМ - по региони(извор: ДЗС на РСМ)
|
Статистички Регион
|
Вкупно Земјиште
|
Обработливо земјиште
|
Шуми
|
Пасишта
|
Други Земјишта
|
|
Вардарски
|
196,373
|
122,190
|
15,944
|
46,019
|
12,220
|
|
Источен
|
350,889
|
185,456
|
90,527
|
60,124
|
14,782
|
|
Југозападен
|
305,340
|
56,723
|
143,058
|
91,602
|
13,957
|
|
Југоисточен
|
273,971
|
135,195
|
72,676
|
55,504
|
10,596
|
|
Пелагониски
|
447,360
|
267,398
|
67,419
|
96,029
|
16,514
|
|
Положки
|
237,549
|
79,193
|
95,786
|
54,069
|
8,501
|
|
Скопски
|
187,193
|
97,752
|
41,765
|
35,257
|
12,419
|
|
Североисточен
|
252,566
|
141,639
|
51,580
|
50,842
|
8,505
|
|
Вкупно за државата
|
2,251,241
|
1,086,546
|
579,755
|
489,446
|
95,494
|
Од вкупните обработливи површини во 2023 год. ораниците и бавчите зафаќаат 416.300 hа или 81 %, ливадите 59.299 hа или 11,5 %, лозјата на 22.353 hа или 4,3 % и овоштарници на 16.423 hа или 3,2 %.
Графикон 2: Структура на засеаната површина, G-03(извор: ДЗС на РСМ)
Во структурата на засеаната површина во 2023 година, засеани се 269.834 hа, од кои 58 % или 156.649 hа отпаѓа на површини засеани со житни култури, 18,9 % на градинарски култури или 50.995 hа, фуражни култури 15,4 % или на 41.647 hа и 7,7 % или на 20.793 hа засеани со индустриските култури.
Согласно податоците намалувањето на засеаните површини во 2023 година, во споредба со засеани површини во 2022 година изнесува 2 %.
Намалувањето е забележано кај житните култури за 1,5 %, кај градинарските посеви за 1 %, кај индустриските посеви за 7 % и кај фуражните посеви за 2,5 %.
Најголемо учество во површините под ораници и бавчи имаат житата со 67 %. Индустриските култури учествуваат со 10.5 %, фуражните растенија со 10.0 % и зеленчукот и мешункастите растенија со 8.5 %. Најзастапена е пченицата со 34.2 %, јачменот учествува со 16.1 %, пченката со 10.8 %, тутунот со 7.5 %. Луцерката и детелината се застапени со 5.3 %, односно 3.4 %. (Извор Државен Завод за Статистика).
Во 2023 година бројот на вработени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство (53 476) е намален за околу 22,3 % во споредба со 2022 година (69 143).
Учеството на земјоделскиот сектор во вкупната вработеност има тренд на намалување од 13,9% во 2019 год., 12% во 2020 год, 11,5% во 2021 год., за 10% во 2022 година и 7,8% во 2023 година.
Табела 2: Структура на вработени во секторот. (Извор: ДЗС, РСМ во бројки, 2023)
|
Година
|
2018
|
2019
|
2020
|
2021
|
2022
|
2023
|
2023/ 2022
|
|
Вкупно вработени
|
759.054
|
797.651
|
794.909
|
795.807
|
692.034
|
688.296
|
0,6
|
|
Вработени во сектор земјоделство, шумарство и рибарство
|
119.337
|
111.033
|
95.545
|
91.506
|
69.143
|
53.746
|
22,3
|
|
Учество во %
|
15,7
|
13,9
|
12,0
|
11,5
|
10,0
|
7,8
|
|
Во РС Македонија егзистираат вкупно 157.931 земјоделски стопанства и користат 579.118 ха земјоделско земјиште. Истите располагаат со 453.652добиточни единици и 55.440 трактори. На овие индивидуални земјоделски стопанства како и деловни субјекти се ангажирани вкупно 441.741 членови на домаќинства.
Бројот на активните деловни субјекти во секторот земјоделство, шумарство и ветеринарство во Македонија е во благо опаѓање. Во 2015 истиот изнесува 2.827 и е намален за 0.5 % во однос на претходната, 2025 година имаме 2.287 субјекти во овој сектор и истите учествуваат со 3,2 % во вкупниот број на активни деловни субјекти. Притоа се зголемува учеството на микро и малите претпријатија, а се намалува учеството на средните и големите претпријатија. Согласно статистички податоци, доминираат фирми со мал број вработени, односно до 9 вработени, што представува 87.6 % од вкупниот број на субјекти.
Според податоците од Структурното истражување на земјоделските стопанства просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.14 добиточни единици.
Вкупно користеното земјоделско земјиште од земјоделските стопанства изнесува 320.738 хектари, а од вкупниот број стопанства, 60.8 % користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Од вкупно користеното земјоделско земјиште, 77.4 % се ораници и бавчи. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381 361 добиточнa единицa.
Просечно, по земјоделско стопанство се ангажирани 2.5 лица. Членовите на домаќинствата и вработените во деловните субјекти имаат остварено вкупно 242.988 годишни работни единици, додека, просечно, на едно земјоделско стопанство се остварени 1.36 годишни работни единици.
Едно земјоделско стопанство, на еден хектар користено земјоделско земјиште, просечно има остварено 0.76 годишни работни единици, додека за една добиточна единица се трошат 0.64 годишни работни единици.
Графикон 3:Структура на деловни субјекти од секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство-по општини (извор: ДЗС на РСМ)
Графикон 4: Старосна структура на вработените во секторот земјоделство, рибарство и ветерина (извор: ДЗС на РСМ)
Согласно податоците за старосна структура на вработените во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство доминираат вработени на возраст од од 50 до 59 години (37,8м%),м40 до 49 години (26%),од 30 до 39 (21.5%м), од 20 до 29 години (6.5м%), под 20 години 0.4 %, додека над 60 години 7,1м%.
Графикон 5: Структура на вработени во секторот земјоделство, рибарство и ветерина во 2013 година, според степен на образование (извор: ДЗС на РСМ)
Согласно последните достапни податоци од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, структурата на вработените во секторот земјоделството, шумарството и рибарството (кои заедно ја сочинуваат главната компонента на земјоделско-прехранбениот сектор) според степенот на образование е следна:
-Високо образование (више и високо образование): Околу 4.5 % од вкупно вработените во овој сектор имаат завршено факултет, магистратура или докторат.
-Средно образование: Најголема група. Околу 35 % од вработените имаат завршено средно образование (стручно, гимназиско или четиригодишно).
-Основно образование: Околу 32 % од вработените имаат завршено основно образование.
-Непотполно основно образование и без образование: Најголемата група, со околу 28.5 % од вработените што имаат помалку од основно образование или немаат завршено никакво образование.
• Доминација на ниското образование: Секторот се карактеризира со многу висок процент на работна сила со ниско образование (основно и помалку од основно). Заедно, овие две категории чинат над 60 % од сите вработени.
• Споредба со други сектори: Овој сектор е далеку поназад по структурата на образование во споредба со просекот на целата македонска економија, каде учеството на лицата со високо образование е многу поголемо.
• Неформално учење и традиционално знаење: Ваквата структура ја одразува природата на работата во земјоделството, каде што традиционалното знаење и вештините пренесувани од генерација на генерација често се поважни од формалното образование.
• Промени во текот на времето: со текот на годините се забележува бавен пораст на учеството на лицата со средно и високо образование, што укажува на процес на модернизација, но тој се одвива многу побавко отколку во индустриските или услужните сектори.
Оваа структура е еден од клучните показатели за предизвиците со кои се соочува секторот, како што се потребата од подобрување на продуктивноста, внесување на современа технологија и атрактивност за младата и образована работна сила.
Според степенот на образование доминираат вработени со 4 години средно образование и оние со основно образование (8.342), додека по нив следат со високо (1.549), со 3 години средно образование (1.080), више (247) незавршено основно образование или пак без образование (265) и со магистратура (48).
|
|
|
Графикон 6. Полова структура на вработени во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство (извор: ДЗС на РСМ) |
-Мажи: Околу 68.4% од вкупно вработени во секторот.
-Жени: Околу 31.6% од вкупно вработени во секторот.
Доминација на мажите: Секторот е јасно доминиран од машката работна сила, што е типично за земјоделството како физички интензивна дејност во многу земји.
Висок процент на привремена работа: Забележливо е многу високото учество на вработени на привремена работа (44.4 %). Ова директно ја одразува сезонската природа на земјоделската работа (берба, садење, итн.), каде што голем дел од работниците се ангажираат само во одредени периоди од годината.
Ниска стапка на скратено работно време: Ангажманот на скратено работно време е минимален (1.9 %), што укажува дека работата во секторот е организирана главно околу полно работно време или привремена/сезонска вработеност.
Неформален сектор: Важно е да се напомене дека ваквата структура, особено високиот удел на привремена работа, често е поврзана и со големиот неформален сектор во земјоделството, каде што вработувањето не е регистрирано и заштитено со трудов договор.
Во табеларниот преглед е дадена половата структура и работното време:
Табела 3: Структура на вработени според пол и работно време
|
Карактеристика
|
Категорија
|
Процент од вработените
|
|
Пол
|
Мажи
|
~ 68.4%
|
|
Жени
|
~ 31.6%
|
|
|
Работно време
|
Полно работно време
|
~ 53.7%
|
|
Скратено работно време |
~ 1.9%
|
|
|
Привремена/Повремена работа |
~ 44.4%
|
Од вкупно 12.155 вработените во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство во 2024 год. 2.848 вработени или 23 % се жени. Од вкупниот број вработени 5,078 се на определено време (41,2 %) а 7,077 се постојано вработени.
Распределба на сезонските работници (5,078) по тип на стопанство:
-Индивидуален сектор (семејни стопанства): Овој сектор врши најголем дел од сезонската работа. Семејствата ангажираат привремени работници за берба, садење и други сезонски активности. Околу 70-80 % од сезонските работници се ангажирани во индивидуалниот сектор.
Овие подсектори имаат многу помала потреба за сезонски работници и вработуваат претежно постојан кадар. Нивниот удел во вкупните сезонски работници е минимален.
-Земјоделски стопанства (правни лица - фирми):
Професионалните земјоделски стопанства (друштва, ферми) исто така ангажираат сезонски работници, но во помала мера отколку семејните стопанства. Околу 20-30% од сезонските работници се во овој сектор. (1,015 - 1,525 лица).
Намалување на вработеноста во земјоделството
Евидентно е намалувањето на бројот на вработени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство (22,3м% помеѓу 2022 и 2023 година). Исто така опаѓа и учеството на секторот во вкупната вработеност (од 13,9м% во 2019 на 7,8м% во 2023).
Анализата покажува дека доминираат работници на возраст од 50–59 години (37,8%), што укажува на недостаток на млада работна сила.
Над 60 % од вработените имаат основно или непотполно основно образование, само 4,5 % имаат високо образование.
Голем дел од работниците (44,4 %) се ангажирани привремено, што ја одразува сезонската природа на земјоделството, додека неформалниот сектор е доста распространет.
Над 60 % од стопанствата користат помалку од 1 хектар земјиште. Доминираат микропредпријатија (87,6 % со до 9 вработени).
Се намалуваат површините под лозја, овоштарници и индустриски култури. Од засадените култури, житата се доминантни (67% од ораниците и бавчите).
-Поддршка за модернизација и диверзификација
Неопходен е интензивен вовед современа технологија (прецизно земјоделство, автоматизација) за да се зголеми продуктивноста.
Истовремено да се даде целосна поддршка за диверзификација на културите (органско производство, високопрофитабилни култури).
Потребно е подобрување на образовните програми за земјоделство, вклучително и обуки за современи техники, поттикнување на младите да се вклучат во земјоделството преку стипендии, субвенции и менторски програми.
Да се поттикне регистрацијата на работници и намалување на неформалниот сектор. Притоа, државата ќе мора да воведе економски стимулации за земјоделските стопанства (субјекти) кои вработуваат постојано.
-Поддршка за здружување во земјоделски задруги, организации на производители и меѓугранкови организации на производители
Поттикнување на здружување за да се олесни користењето на машини, набавката и пласманот. Истовремено, со тоа би се овозможил олеснет на пристапот до финансии за средни и големи стопанства.
Редовно да се ажурирааат базите на податоци за подобро планирање на политиките и подготовка на студии за пазарните можности и потребите на потрошувачите.
Иницијатива за укинување на мерка донесена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (бр. 02-1414/1 од 28.5.2020 година) и враќање на претходно утврдениот начин на контрола и вршење на анализи на храната од неживотинско потекло. (јуни, 2020 година)
Иницијатива за зголемување на цената за ускладиштување (складирање) на житни култури. Членките на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија бараат измена на Уредбата за утврдување на висината на надоместокот на трошоци на складиштарите за складирање, чување и обновување на стоковните резерви („Службен весник на РСМ“, бр. 39/10, 23/14, 144/14, 173/14 и 181/19) и тоа - измена на висината на надоместокот од 20,00 денари на 75,00 денари - за чување на количини на месечно ниво и надоместокот од 31,00 денар на 90,00 денари - за фумигација (еднаш годишно).Истовремено, Групацијата бара и измена на Уредбата за начинот за утврдување на максималните количини и вредности на загубите во поглед на хемиските и физичките својства на стоката преку кало, растур, кршење, расипување и евапорација во работењето со стоковните резерви („Службен весник на РМ“ бр 39/10) (февруари, 2020 година)
Иницијатива за продолжување на одлука за укинување на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо заради продолжување на мерката воведена со Oдлука на Владата на Република Северна Македонија (мај, 2020 година)
Иницијатива за исплата на субвенции поврзано со Уредбата за изменување и дополнување за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година, донесена од страна на Владата на РСМ одржана на 17.05.2020 година, и тоа
• За подмерка 2.3 Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Мерките за дополнителна поддршка за развој на земјоделството (државна помош во земјоделството) од Програмата за финансиска поддршка на земјоделието 2020, за поднесените податоци за перидот заклучно со Септември 2019та; и
• За подмерка 121.1. Набавка на добидок од Мерките а финансиска поддршка на руралниот развој од Програмата за поддршка на руралниот развој за 2020 година
(мај, 2020 година)
Иницијатива и Предлози во однос на Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2020 година. Како резултат на новонастанатата состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковит-19, производителите на риба се во многу тешка состојба. Работат со загуба и се принудени да го намалат производството како и бројот на вработени. Финансиските средства предвидени од Програмата за финансиска подршка во рибарството и аквакултурата од 2019 година во овој момент се итно потребни на домашните рибници. Истите имаат реализирани инвестиции и поднесени барања за исплата, како и барања за субвенции за произведен подмладок. Членките на Групацијата за рибарство, како дел од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија бараат што е можно побргу да им се исплатат бараните средства, во спротивно истите ќе бидат принудени целосно да го стопираат овогодинешното производство. Продажбата е значително намалена а домашните производители се принудени да ја намалат исхраната на рибата во рибниците како би се избегнале уште поголеми трошоци. (април, 2020 година)
14.05.2025
Која е улогата на земјоделско-прехранбениот секторво националната економија на Северна Македонија? Земјоделството (традиционално) и индустријата се двата најважни сектори во економијата на ...
18.07.2024
Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност „Зголемување н...
09.05.2023
Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за з...
14.05.2025
Која е улогата на земјоделско-прехранбениот секторво националната економија на Северна Македонија? Земјоделството (традиционално) и индустријата се двата најважни сектори во економијата на ...
18.07.2024
Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност „Зголемување н...
09.05.2023
Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за з...
14.05.2025
Која е улогата на земјоделско-прехранбениот секторво националната економија на Северна Македонија? Земјоделството (традиционално) и индустријата се двата најважни сектори во економијата на ...
18.07.2024
Во организација на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од проектната активност „Зголемување н...
09.05.2023
Раководејќи се од својата долгорочна стратегија за одржлив развој, Пивара Скопје ја промовираше најновата иновација во ПЕТ-амбалажата на пијалаците од своето портфолио која ќе придонесе за з...