„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.01.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА: Активностите со Проектот предвидуваат енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Република Северна Македонија. Основно начело врз основа на кое се заснова овој Предлог на закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на втората фаза на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија. Оттука, Република Северна Македонија и Кредната банка за обнова - КфВ ќе склучат Договор за заем наменет за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија – фаза 2, во износ од 40.000.000 евра.