„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова–КфВ по Договорот за заем за финансирање на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија, фаза 2, по скратена постапка

26.01.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА: Активностите со Проектот предвидуваат енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Република Северна Македонија. Основно начело врз основа на кое се заснова овој Предлог на закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на втората фаза на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија. Оттука, Република Северна Македонија и Кредната банка за обнова - КфВ ќе склучат Договор за заем наменет за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и објекти за ученици/студенти со попречености во Северна Македонија – фаза 2, во износ од 40.000.000 евра.