„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
02.09.2026 - 10.09.2026 , Форум
Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5 кат
.jpg)
Почитувани,
Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје, на заедничка иницијатива, организираат Македонско-австриски бизнис-форум и ве покануваат да учествувате.
Основната цел на иницијативата за Бизнис-форумот е да се поттикне соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции од областа на патната, железничката и на енергетската инфраструктура.
Со цел продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, на Бизнис-форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, како и министрите од секторите енергетика и транспорт, кои ќе ги презентираат актуелните и идните проекти од патната, железничката и од енергетската инфраструктура.
Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 16 септември 2026 година (среда), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5. кат.
Заинтересираните учесници може да го потврдат своето присуство со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10.9.2026 година.
- Тања Арбелска-Рафајловска, тел.: 02 3244-019, е-адреса: tanja.arbelska@mchamber.mk;
- Даниел Матракоски, тел.: 02 3244-043, е-адреса: daniel@mchamber.mk.