„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БИЗНИС-ФОРУМ ЗА ПАТНАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

02.09.2026 - 10.09.2026 , Форум

Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5 кат

 

  

 

 Почитувани,

 

Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при  Австриската амбасада во Скопје, на заедничка иницијатива, организираат Македонско-австриски бизнис-форум и ве покануваат да учествувате.

 

Основната цел на иницијативата за Бизнис-форумот е да се поттикне соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции од областа на патната, железничката и на енергетската инфраструктура.

 

Со цел продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, на Бизнис-форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, како и министрите од секторите енергетика и транспорт, кои ќе ги презентираат актуелните и идните проекти од патната, железничката и од енергетската инфраструктура.

 

Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 16 септември 2026 година (среда), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската комора на Северна Македонија,  сала 4 на 5. кат.

 

Заинтересираните учесници може да го потврдат своето присуство со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10.9.2026 година.

 
Контакт-лица:

-        Тања Арбелска-Рафајловска, тел.: 02 3244-019, е-адреса: tanja.arbelska@mchamber.mk;

-        Даниел Матракоски, тел.: 02 3244-043, е-адреса: daniel@mchamber.mk.

 
Во прилог:
 
1.     Агенда
2.     Пријавeн лист
3.     Список на австриски компании      

Контакт лица:

 Контакт-лице: Даниел Матракоски, тел: 3244-043, електронска адреса: daniel@mchamber.mk