„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА И МОБИНГ, ОБВРСКИ И РИЗИЦИ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ, Како да избегнете казни, тужби и инспекциски санкции?

23.04.2026 - 14.05.2026 , Webinar

он-лајн

Во услови на засилен инспекциски надзор и сè почести пријави за вознемирување, работодавачите имаат директна законска обврска да обезбедат заштита од дискриминација и мобинг. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 14 мај 2026 година Ве поканува на еднодневен „он-лајн“  семинар на тема: ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА И МОБИНГ, ОБВРСКИ И РИЗИЦИ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ. Како да избегнете казни, тужби и инспекциски санкции ?

Непостапувањето може да резултира со:

  • прекршочни казни
  • судски постапки и отштети
  • репутациска штета
  • нарушени работни односи и одлив на кадар
Што ќе научите:
  • Законска рамка и обврски на работодавачите
  • Како да постапите при пријава за мобинг
  • Кои документи мора да ги има вашата компанија
  • Практична примена и најчести грешки
  • Инспекциски контроли – што се проверува
  • Судска пракса и реални случаи

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИМААТ:

  • Интерен акт за заштита од вознемирување
  • Утврдена постапка за пријавување
  • Назначено одговорно лице/комисија
  • Водење евиденција за постапување
  • Обука на вработени и менаџмент
 
 Непочитувањето на овие обврски повлекува:
  • прекршочна одговорност
  • парични казни
  • судски постапки и надомест на штета
  • директна одговорност на работодавачот

 
Зошто е важно да присуствувате?
 

✔ Затоа што одговорноста на работодавачот е законска, но и репутациска.

✔ Затоа што непостапувањето може да резултира со судски постапки, финансиски последици и нарушена организациска култура.

✔ Затоа што раководителите, HR службите и правните оддели мора да знаат како да постапуваат навремено и правилно.

✔ Затоа што превенцијата е секогаш поевтина и поефикасна од судска постапка.

 

Семинарот ќе понуди јасно разграничување помеѓу мобинг и дискриминација, детална анализа на видовите и фазите на мобинг, начините на докажување и товарот на докажување, како и конкретни насоки за правна заштита.

 
За кого е наменет семинарот?
 
✔ Раководители и менаџери;

✔ HR менаџери и служби за човечки ресурси;

✔ Правни служби;

✔ Претставници на јавни институции и јавни претпријатија;

✔ Синдикални претставници;

✔ Лица задолжени за усогласеност и етика.

 
АГЕНДА:
 

09:45 – 10:00 Регистрација на учесниците

 
10:00 – 11:00 
• Законска рамка за спречување на дискриминација и мобинг
• Обврски на работодавачите согласно закон

• Европско антидискриминациско право и компаративни решенија

• Одговорност на работодавачот и видови санкции
 

11:00 – 11:15 Пауза за кафе

 
11:15 – 12:30 
• Мобинг – дефиниција, видови, фази и последици
• Дискриминација и вознемирување – поим и форми
• Докажување и товар на докажување
• Интерни акти и процедури за заштита
• Постапка за пријавување
• Улога на одговорно лице/комисија
 

12:30 – 13:00 Пауза за ручек

 
13:00 – 14:30 
• Правна заштита од дискриминација и мобинг
• Судски постапки и надомест на штета
• Инспекциски контроли – практичен пристап
• Евиденција и документација како доказ
• Најчести пропусти и ризици
• Групни вежби и анализа на случаи
 

14:30 – 15:00 Прашања и дискусија

 
Предавач:
 

-        Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право

-         Од 2012 година па до денес, континуирано во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ, е вклучена во проекти од областа на дискриминацијата кои опфаќаат учество во советувања, предавања во почетна и континуирана настава на судии и јавни обвинители, а како национален експерт учествува како коавтор на стручните трудови :

-         ПРАКТИКУМ на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во 2014 година

-        КОМЕНТАР на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во декември 2024 година

-        НАСОКИ за одредување надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација (коавторски стручен труд на национални експерти, претставени на Мисиите на ОБСЕ за Западен Балкан/ Република Северна Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина) промовиран во РСМ во ноември 2025 година.

 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 

·        работен материјал доставен електронски;

·        сертификат за присуство на семинарот доставен електронски.            

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11.05.2026 година.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074         

Календар на настани

КАКО ChatGPT ДА РАБОТИ ЗА ВАС: ОД П...

08.04.2026 - 27.04.2026

ВОДЕЊЕ ТИМОВИ: ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕ...

06.04.2026 - 28.04.2026

„TEXTILE CONNECT 2026“

14.04.2026 - 26.05.2026