„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

ВО КОЛКУ ДЕЛОВИ И ДО КОГА МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ГОДИШНИОТ ОДМОР? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ПОСЕБЕН ДЕЛ ОД ОДМОРОТ?КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТОДАВАЧОТ ДА ИСПЛАТИ ЈУБИЛЕЈНА НАГРАДА?

11.07.2024 , Семинар

Онлајн работилница

Стопанската комора на Северна Македонија на 11 јули 2024 година организира еднодневна работилница на тема: „Во колку делови и до кога може да се искористи годишниот одмор? На колку денови од одмор има право секој одделен работник? Дали е потребно да се издаде решение за секој посебен дел од одморот? Кои се условите за работодавачот да исплати јубилејна награда? Дали работникот треба да поднесе барање? Како се исплаќа отпремнина, испратнина, надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство други чести додатоци на плата“. 
На работилницата сеопфатно ќе се обработат некои од најчестите основи кои предизвикуваат обврска за работодавачот за плаќање надоместоци и додатоци на плата. 
Ќе се разговара за прашањата кои произлегуваат од користењето на годишен одмор, вклучително како да се определи колку денови од одмор ќе му следуваат на секој одделен работник, на колку делови може да се искористи одморот и дали е потребно да се издаде посебно решение за секој од нив. 
Во рамки на обработката на некои од поспецифичните надоместоци и трошоци поврзани со работата, на работилницата ќе се дискутира и за: Јубилејна награда, отпремнина, испратнина, надоместок за смрт на работникот или член на неговото семејство. Со оглед на дилемите кои често се јавуваат во контекст на плаќањето на работата, на работилницата ќе се обработат и додатоците на плата, со особен фокус на додатоците за прекувремена работа и работа ноќе.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите.

ПРОГРАМА
I.    ГОДИШЕН ОДМОР
-    Дефинирање на правото на годишен одмор (Определување за секој вработен одделно,
    стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор,
    користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор,
   надоместок за неискористен годишен одмор);
-    Издавање решение за годишен одмор – правила;
-    Потреба од воведување правилник и негови елементи.
II.    ЈУБИЛЕЈНА НАГРАДА
-    Законска и подзаконска регулатива;
-    Услов за исплаќање јубилејна награда – кои работници го имаат ова право? 
-    Начин на исплаќање;
-    Документи кои се донесуваат во процесот на исплаќање на јубилејна награда.
III.    ДРУГИ СПЕЦИФИЧНИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
-    Отпремнина;
-    Испратнитна;
-    Смрт на работникот или член на неговото семејство;
IV.    ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА
-    Додатоци кои произлегуваат од работно време;
-    работа во смени, работа во поделено работно време, работа на дежурство, согласно со закон,
     работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон,
    додаток за работен стаж;
-    Додатоци кои произлегуваат од условите на работата;
-    Обврска на работодавачот и околности кога се исплаќаат додатоци;
-    Разлика од надоместоци на плата;
-    Специфични додатоци: прекувремена работа, работа ноќе;
Предавач: 
- Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво,предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн  работилница можат да се пријават најдоцна до 10.07.2024 година.

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057

 

м-р Михајло Донев
 ++ 389 2 3244067