„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Кои Правилници на работодавачот се задолжителни согласно закон? Дали работодавачите треба да донесат посебен правилник за годишен одмор?Што да се предвиди во правилникот за работен ред? Како да се препознае и спречи мобинг?

26.06.2024 , Семинар

Онлајн семинар

Стопанската комора на Северна Македонија, на 26 јуни 2024 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Кои Правилници на работодавачот се задолжителни согласно закон? Дали работодавачите треба да донесат посебен правилник за годишен одмор? Што да се предвиди во правилникот за работен ред и дисциплина и за дисциплинска постапка? Како работодавачот да воспостави постапка за заштита на работниците од секаков вид вознемирување на работно место? Како да се препознае и спречи мобинг? Забрана за дискриминација“. 
Донесувањето на интерни правилници е еден од најважните чекори кои работодавачите можат да го преземат во насока на приспособување на законската регулатива на конкретните потреби на дејноста која ја извршуваат. 
На работилницата, преку интерактивен пристап и одговор на прашањата и дилемите на слушателите, најпрво ќе се дискутира за важноста на правилниците, при што ќе се посочат дел од материите кои можат со нив да бидат регулирани. Потоа, со особено внимание ќе се анализираат следните области кои е вообичаено да бидат предмет на обработка во интерен акт: годишен одмор – како тема која секогаш е актуелна; работен ред и дисциплина и спроведување дисциплинска постапка – како најширока основа за регулирање на посакуваното однесување на работното место и последиците од однесувањето спротивно на тоа; вознемирување на работното место – како област на која се посветува сé поголемо внимание.
При анализата, ќе се посочат примери на елементи на интерните акти, ќе се објасни како истите да се подготват и спроведат, и како работниците да бидат навремено и целосно информирани за истите.

ПРОГРАМА
I.    ОПШТИ НАПОМЕНИ ЗА ВАЖНОСТА НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС И ПРИМЕРИ ЗА ТОА ШТО МОЖЕ СО НИВ ДА СЕ УРЕДИ
II.    ИНТЕРЕН АКТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
•    Дефинирање на правото на годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор);
•    Елементи на интерниот акт ;
•    Граници на можност за приспособување на интерниот акт на потребите на работниот процес.
•    ДИСКУСИЈА 
III.    ИНТЕРЕН АКТ ЗА РАБОТЕН РЕД И ДИСЦИПЛИНА И СПРОВЕДУВАЊЕ
      ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

•    Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот
      поради причини на вина;
•    Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
•    Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот
      ред и дисциплина или работните обврски со и без отказен рок.
•    ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
•    Законска регулатива;
•    Основи, услови, начин и претпоставки за спроведување
      дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина.
IV.    ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА РАБОТЕН РЕД И ДИСЦИПЛИНА
        И ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

•    Можност за определување дополнителни основи за отказ на договорот;
•    Елементи на интерниот акт;
•    Приспособување на потреби на работодавач;
•    Ad hoc наспроти перманентна постапка.
•    ДИСКУСИЈА 
V.    ИНТЕРЕН АКТ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
•    Вршители и поим на вознемирување на работно место;
•    Мобинг;
•    Обврски на работодавачот;
•    Постапка за заштита;
•    Подготовка на интерен акт за заштита од вознемирување на работното место.
•    ДИСКУСИЈА 
Предавач: 
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат,предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
-    Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 25.06.2024 година.

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057
 
м-р Михајло Донев
 ++ 389 2 3244067