Публикации на комората
Образование
16.06.2026
СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИТЕ И ПРЕПОРАКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ
Во услови на динамични економски промени и сè поизразена потреба од квалификувана и подготвена работна сила, практичната обука претставува клучен сегмент во процесот на создавање кадри кои поседуваат применливи знаења и вештини. Поврзувањето на академското знаење со реалните бизнис процеси овозможува студентите да стекнат релевантно искуство, полесно да се интегрираат на пазарот на труд и да одговорат на конкретните потреби на компаниите. Воедно, ваквата соработка придонесува и за подобро усогласување на наставните програми со барањата на економијата, што е од суштинско значење за долгорочен одржлив развој.
Оваа анализа претставува сеопфатен преглед на состојбата со соработката помеѓу терцијарното образование и приватниот сектор во Северна Македонија, со особен фокус на практичната работа, заснован на анализа на пазарот на труд во земјава, анализа на нормативната рамка, како и квалитативно истражување спроведено со три клучни засегнати страни — претставници на универзитети, студентски организации и работодавачи — комбинирано со квантитативни наоди добиени преку структурирана анкета, спроведена во периодот помеѓу 18 и 20 мај 2026 година со учество на 23 испитаника.
15.09.2025
ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ – УЛОГАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ВО ПРОЦЕСОТ
Образованието по мерка на бизнисот е еден од приоритетите на Стопанската комора затоа што современиот пазар бара кадри со практични знаења и вештини кои директно одговараат на потребите на компаниите. Со поврзување на образовниот систем со реалниот сектор, се овозможува побрза интеграција на младите во работниот процес, се намалува јазот меѓу теоријата и праксата, и се поттикнува економски раст преку продуктивна и конкурентна работна сила.
Брошурата низ бројки и факти ни ги покажува резултатите од вклученоста на Комората во стручното образование и обука, но и дава одредени информации и насоки за вклучување на компаниите во образовниот процес за обезбедување стручен и квалификуван кадар.
13.01.2023
ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗАТА НА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА КОМПАНИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИ
Човечкиот капитал игра клучна улога за развојот на компаниите, како и за зголемување на нивната продуктивност и за извозниот потенцијал. Но анализите на Стопанската комора покажуваат дека македонската економија страда од недостиг на стручен кадар, што го потврдија 65 % од компаниите, а 80 % од кадарот е долгорочен поради неусогласеноста на вештините што се бараат и што се нудат. Ваквата состојба ја наметна потребата да се зајакне соработката меѓу образовните институции и реалниот сектор во процесот на подготовка на младите лица според потребите на пазарот на трудот.
22.07.2022
АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ВЕРИФИЦИРАНИ КОМПАНИ И СРЕДНИ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
Системот овозможува транспарентност, брза комуникацијата и подобрена соработка меѓу сите чинители.
Прогресив Академија