„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Идентично како и претходните, и оваа година ја завршуваме со предвидувања, желби и надеж за подобро утре. 2026 да донесе конечно позитивни предизвици во економијата, како основа на опстанокот на секоја држава, и покрај реалноста во која живееме, глобална општа неизвесност која трае и трае ....
Ние во Комората знаеме само едно, дека сме домот на бизнисот каде се креираат сите иницијативи, ставови, пораки, за клучните проблеми со кои секојдневно се соочуваат компаниите, без оглед дали се тоа системски, дали се дилеми и предизвици како до поголем извоз, како до кадар за потребите на компаниите, како до поголема регионална соработка како чекор напред кон приклучувањето на европското семејство каде природно припаѓа државата според бизнис ориентацијата.