„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
На 23.12.2025 во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа седница на Центарот за циркуларна економија, на која компаниите членки ги детерминираа активностите и програмските определби за наредната 2026 година во насока на интензивирање на работата на центарот преку организирање работилници и едукативни настани со фокус на одржливоста и концептот на циркуларна економија, потоа изнаоѓање повици за поддршка на проекти од областа (секторски), преку заеднички настап на истите и останати активности кои ќе значат унапредување на работата на центарот, а истовремено и промоција на истиот со цел подобро разбирање на концептот на циркуларна економија од страна на што повеќе компании, невладини организации а воедно и граѓани.
На седницата беа презентирани и реализираните проекти во рамки на активноста „Зелен раст и развој“, поддржана од проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@мк)“. Преку оваа активност, беа поддржани 5 проектни идеи со ко-финансирање во износ од 5.000.000,00 денари, при што во реализираните активности беа вклучени над 300 учесници во едукативни настани (опфатена поширока таргет група од претставници од приватен сектор, студенти, ученици во стручно образование, претставници на надлежни институции: локални самоуправи, инспекторати и сл, беа реализирани над 20 едукативни настани, беа промовирани принципи на одржливо работење и заштита на природни ресурси, а во исто време се придонесе за подготовка на база на знаење достапна за членките на Центарот за циркуларна економија во функција на јакнење на едукативната компонента на Центарот.
Реализираните проекти, допринесоа за подобрување и унапредување на производните капацитети и процеси, стекнување на кадарот со нови знаења, искуства и современи практики од областа на циркуларна и зелена економија, поттикнување на конкурентност и долгорочен прогрес, создавање база на добри практики за останатите компании, а во исто време и придонес кон зачувување на животната средина и одржување на еко-системите.
На седницата беа претставени петте успешно реализирани проекти од страна на компаниите во рамки на проектите за зелен раст и развој, поддржан од Стопанската комора на Северна Македонија преку проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@мк)“, и тоа преку следните проектни целини:
- Оспособена АгроЕкоСтаница за зелени вештини, чии податоци ќе придонесат во прецизно утврдување на својствата на почвата, па согласно тоа и адекватно третирање и максимизирање на приносите, спроведен проект од страна на ЗК Пелагонија АД Битола;
- Спроведени обуки за декарбонизација и циркуларна економија, во чии рамки беа опфатени повеќе аспекти на циркуларната економија како институционалниот – законски, научниот – теоретски и практичниот – базиран на оперативното работење на компаниите, проект спроведен од страна на Титан Усје АД Скопје;
- Научно истражување во поглед на хидропотенцијали за одржливо работење, преку утврдување на подземните водени капацитети во рамки на комплексот – Железара, каде работат повеќе од 20 правни субјекти меѓу кои челичаните Макстил и Либерти, а за чиј производен процес се користат големи количини вода. Проектот беше спроведен од страна на Либерти АД Скопје;
- Спроведена обука за деконтаминација на трансформатори контаминирани со ПХБ, проект кој има за цел покрај самата деконтаминација и едукативна компонента за лицата од дејноста, студентите од технолошко металуршки факултет како и ученици од насоченото средно образование. Проектот беше спроведен од страна на компанијата Раде Кончар-Сервис и Поправки на Електрични Производи ДОО Скопје.