„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.01.2024
Нека ни е среќна новата 2024-та година, која решивме да ја посветиме на лансирање на нови алатки во корист на нашите компании. Претпоставуваме дека и оваа година ќе биде една од низата кризни, но овој пат збогатена и со двојни избори за претседател и за парламент на државата. Ние во СКСМ сме сите на број, што значи никој не не напуштил, а доаѓаат многу други субјекти. Тоа ќе трае се додека ние сме авангарда во коморскиот систем и се додека нудиме нови можности. Затоа и вреди да се учествува во тие процеси и секој од нас да се вгради во Комората на иднината.





| 6. Посебна благодарност сакам да му изразиме на Сафет Ѓерѓалиу, поранешен претседател на Стопанската комора на Косово кој самоиницијативно без наше знаење дојде во Македонија и даде неколку интервјуа за медиумите на албански јазик во која зборуваше за реномето на нашата институција кога бевме неосновано нападнати. |
![]() |
![]() |
Традицијата на заедничко одбележување на родендените продолжи со сопственикот на ИГМ Трејд, Илија Гечев а неизбежен декор беше и нашиот коморски знак на славеничката торта. |
![]() |
Во последното тромесечие од 2023 година имав многу јавни настапи со што интересот за работата на Комората порасна со огромен исчекор нанапред. Трендот ќе продолжи и оваа година. |
![]() |
Овој месец премиерската позиција ќе ја напушти согласно пржинскиот договор и досегашниот премиер Димитар Ковачевски во чиј мандат имавме интензивни комуникации и контакти, но, и многу различни гледишта околу актуелните економски случувања. Можеби за прв пат се создаде атмосфера да може секој да го искаже своето мислење до крај, што е чекор напред во градењето на односите меѓу јавниот и приватниот сектор. |
![]() |
Убаво е чувството кога со дел од коморскиот кадар, сега веќе пензионери (Белинда Миновска), со насмевка и ведрина може да се споделат моменти по долги години поминати заедничка соработка. |
![]() |
На крајот на минатата година, тешки дискусии се водеа и со министерот за економија Крешник Бектеши, но и во тоа имало моменти на опуштено однесување, заедно со директорите на Еуротабак и ЛИОН од Свети Николе. |