„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Комората додели плакета на Раде Кончар - ТЕП по повод 20 години постоење

16.10.2026

| Новости

На одбележувањето две децении успешна работа, компанијата „Раде Кончар – ТЕП” ДООЕЛ СКОПЈЕ, Стопанската комора додели плакета на директорот Горан Антевски за 20 години раст и развој на субјектот кој е активен чинител во бизнис делувањето на СКСМ.

Под слоганот - „Моќта на технологијата, Духот на традицијата,Раде Кончар ТЕП со своите соработници, бизнис партнери, вработени, го прослави дводеценискиот јубилеј.

Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Скопје е современа индустриска електро и метална компанија, а традицијата на брендот Раде Кончар во Македонија надминува 75 години. Компанијата е специјализирана за проектирање, производство и сервисирање на нисконапонска електроенергетска опрема, современи решенија за индустриски и енергетски системи. Во изминатите години реализираше значајни домашни и меѓународни проекти, инвестираше во напредни технологии, роботика и автоматизација на производните процеси, со што значително ја зголеми својата конкурентност и извозна ориентираност. За постигнатите резултати, компанијата е добитник на четири ЕВРОПСКИ НАГРАДИ „National Business Champion“, како и на повеќе од десет први награди и признанија од Министерството за економија за деловна успешност, извоз, иновации и развој на индустријата.

Во Комората, Антевски во моментов ја извршува функцијата претседател на Надзорниот одбор.