„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Благодарност од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија до претседателот Азески

12.10.2026

| Новости

Ново избраниот претседател на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија Сами Морина, изрази писмена благодарност до претседателот Азески за упатените честитки и добрите желби по повод неговиот избор да ја предводи комората на Северозападна Македонија во следниот мандатен период.

Во писмото упатено до претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, се вели:

Со особена почит ги примам Вашите зборови и ја ценам досегашната успешна соработка, заснована врз меѓусебна доверба, почит и заедничка посветеност на интересите на деловната заедница.

Уверен сум дека воспоставените партнерски односи меѓу нашите две комори претставуваат значајна основа за натамошно продлабочување на институционалната соработка и заедничко дејствување.

Во претстојниот период, нашата заложба ќе биде насочена кон натамошно унапредување на меѓусебна соработка, усогласување на приоритетите и зајакнување на конструктивниот дијалог за прашања од суштинско значење за приватниот сектор. Верувам дека преку координирано дејствување и заеднички иницијативи ќе продолжиме да даваме конкретен придонес кон подобрување на деловниот амбиент, зајакнување на конкурентноста на компаниите и поттикнување на одржливиот економски развој на државата.

Уште еднаш Ви благодарам за упатените честитки, со уверување дека и во иднина ќе ја негуваме и унапредуваме нашата успешна соработка.

 

Стопанска комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија остануваат на ставот дека меѓусебната успешна соработка обострано и во следниот период ќе биде унапредувана.