„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Актуелните состојби во градежниот сектор во фокусот на гостувањето на претседателот на Здружението на градежништво во емисијата „Топ Тема“

21.05.2026

| Новости

 „Претседателот на Здружението на градежништво, градежни материјали и неметали, Андреа Серафимовски гостуваше во емисијата Топ Тема на Телма, каде ги презентираше ставовите на здружението за актуелните состојби во градежниот сектор и на пазарот на недвижности.

 Тој истакна дека градежниот сектор во овој период покажува подобрени резултати, пред сè како резултат на интензивирањето на реализацијата на капиталните проекти. Во однос на пазарот на недвижности, посочи дека во првото тромесечие е забележано одредено намалување на продажбата на станови, но дека во овој момент е тешко да се прогнозираат понатамошните движења поради неизвесноста и актуелните економски предизвици.
 Во продолжение беше нагласено дека бизнис заедницата очекува изградбата на особено значајниот капитален проект Автопат Кичево–Охрид да добие засилена динамика во наредниот период и да биде целосно завршена во текот на 2027 година, со што ќе се овозможи подобра инфраструктурна поврзаност и дополнителен поттик за економскиот развој.”
 
Линк од гостувањето: