„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Работниот престој во Битолскот регион, претседателот Азески, по посетата со градоначалникот на општината Коњановски, ја искористи и за посета на фирми, членки на Комората, кои со својата работа придонесуваат во интерес на бизнис заедницата.
Со претставниците на компаниите, Азески, разговараше за нивните моментални состојби и планови за идното работење, како и мерки кои би требало да ги превземе Владата во овие сложени економски текови и предлози за решавање на предизвиците.
Во М ФЛЕКС МАПЕТ, домашна компанија за печатење на флексибилна амбалажа и специјализирана за висококвалитетно флексо печатење во ролна за пакување, етикети и обвивки, претседателот на Комората беше запознаен со тековните состојби. Производството на компанијата е наменето пред се за прехранбената и хемиската индустрија за домашниот пазар и извоз. Мисијата на компанијата е да се комбинира напредната технологија со искуството за изработка и обезбедување на пакување што ги издвојува брендовите. Со долгогодишно искуство, се испорачува сигурност, конзистентност и внимание на деталите при секоја нарачка.
Компанијата УНЛИМИТЕД КОДЕРС, која работи од 2016 година на пазарот, целото производство го наменува за странски пазар, извезувајќи во ЕУ и Велика Британија. Примарна дејност е развој на веб апликации, а фирмата е пионер во претворањето на идеите на клиентите во неверојатен производ со највисок можен квалитет. Нудат целосно управување со проекти од дизајнирање до развој во одредена временска рамка. Нивниот тим се состои од високо искусни програмери, дизајнери, менаџери на проекти, експерти за прашања и одговори и маркетинг. Од 2019 година формира успешен и квалитетен тим на програмери, со кои обезбедува ИТК услуги пред се развој на: вебпортали, вордпрес, апликации за мобилни телефони, цртежи на игри и карактери, одржување на веб-страница, дизајн на веб-страница, видео продукција, дизајн на лого, маркетинг на социјални медиуми, услуги за оптимизација. Во моментов во нивниот тим има 30 програмери, девелопери, дизајнери и предавачи. Во оквир на компанијата е и академија за едукација на јазици (англиски, германски), програмирање, дизајн и човечки ресурси.

Посетата на компаниите следува по реализираната работна средба со градоначалникот на општината на која присуствуваа и УО на Регионалната комора Битола како дел од СКСМ, а теми на работниот состанок беа активности кои треба да се преземат на локално ниво за развој на стопанството во битолскиот регион, со фокус и на патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите.
Во делот на гасификацијата, досега е завршен главниот магистрален гасовод Неготино-Битола во должина од 92 километри, и потребно е да се отпочне со изградбата на примарната (дистрибутивна) гасификациона мрежа во градот, за кои што општината веќе има изработено основни проекти.
РЕК Битола како клучен инфраструктурен индустриски капацитет во целиот регион, придонесува со околу 65% од вкупното производство на електрична енергија во државата, а заклучно со декември 2025 година, на територијата на општина Битола инсталирани се околу 120 приватни фотонапонски централи дел на кровни конструкции на компаниите (под еден мегават), дел на почва (исто така до еден мегават електрична енергија). Се проценува дека приватните инвеститори имаат вкупна инсталирана моќност во битолскиот регион од 35-45 мегавати.
Потребите од кадар за бизнисот остануваат во фокусот на врните прашања за кои секојдневно се разговара и се иницираат активности од страна на бизнис заедницата. За таа цел бројќите покажуваат дека, во средните училишта во Битола и околина има околу 4.000 запишани ученици од кои половина во средните стручни училишта.
Битолскиот регион има околу 5000 правни субјекти и придонесува со 9 до 10% во Бруто домашниот производ на нашата држава. Како дел од коридорот 10, патната и железничката инфраструктура во регионот е од суштинско значење, односно реализација на автопат Прилеп - Битола 40 километри и обиколница Битола - Меџитлија 19 километри.