Надлежно е Министерство за економија и труд.
Краток опис на проблемот: Со Законот за рано предупредување и превентивно реструктуирање на трговски друштва ќе се воведе механизам за навремено препознавање на финансиските потешкотии на трговските друштва од страна на органите на управување на истите со цел да се спаси значителен процент од бизнисите како и работните места во истите.
Цел на предлог закон: Донесувањето на законот ќе им обезбеди на должниците пристап до јасни и транспарентни алатки за рано предупредување на околности кои би довеле до инсолвентност на трговското друштво во блиска иднина, како и соодветни законски рамки за нивно превентивно реструктуирање. Со овој Закон ќе се примени Директивата (ЕУ) 2019/1023 за рамката за превентивно реструктуирање.
Временска рамка за изготвување на предлог законот: 06.05.2026 - 30.06.2026 г.