„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка

16.04.2026

 Предлагачи се група пратеници.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлогот на законот е промена во однос на условот за познавање на странски јазик на директорите на јавните претпријатија, како и уредување на прашањата поврзани со престанокот на функцијата директор на јавно претпријатие, како функција со мандатен карактер, да се уредуваат преку одредбите што го регулираат именувањето и разрешувањето, а не преку услови кои произлегуваат од општите прописи од работен однос.