„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка

16.04.2026

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основни цели на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство е да се овозможи активен ангажман и инвестиции од приватниот сектор во реализација на јавните проекти, преку воведување на одредби кои даваат можност за воспоставување на јавно приватно партнерство на иницијатива на приватен партнер. Предлогот на закон се заснова на начелата на транспарентност, недискриминација, пропорционалност, ефикасност, еднаков третман и меѓусебно признавање. Основните решенија на Предлогот на закон се во насока на:-- Финансиска поддршка: Приватните компании можат да обезбедат значајни финансиски ресурси што се неопходни за развој и реализација на проектите, што го намалува товарот врз државниот буџет. Иновативност и ефикасност: Приватниот сектор има повекe мотиви и искуство да имплементира иновативни решенија и да управува со проектите ефикасно, што води до подобри услуги и пониски трошоци. -- Споделување на ризикот: ЈПП им овозможува на јавните и приватните партнери да го споделат ризикот од реализација на проектите, што ја зголемува шансата за успешно завршување. Стручност и одговорност: Приватните партнери доаѓаат со свои експертски знаења и вештини, што придонесува за подобра организација и управување на проектите. Стимулирање на конкуренцијата: Привлекувањето приватни инвеститори создава конкуренција, што доведува до подобар квалитет на услугите и подобри услови за граѓаните.