„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.04.2026
Надлежно е Министерство за надворешни работи.
Цел на предлог законот: Со одредбите од предлог Законот, се врши усогласување со препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот МАНИВАЛ при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, со кои беа констатирани недостатоци на одредбите на Законот за рестриктивни мерки, а во однос на усогласеноста на Препорака 6 и Препорака 7 од ФАТФ (Оперативна група за финансиски акции или ФАТФ (англиски: Financial Action Task Force, FATF) - меѓународна организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам, формирана во септември 1989 година на самитот на групата „Г7“), вклучително и определени аспекти на Препорака 35.