„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за возила, по скратена постапка

04.03.2026

 Предлагач е група пратеници

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со овој Предлог на закон ќе се даде нов законски основ за легализација односно за утврдувањето на статус на сопственик и регистрација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L . Исто така, со донесување на законот се очекува да се зголеми безбедноста и квалитетот на постапките за единечно одобрување на возила, исклучиво за возила за кои типот не е одобрен во согласност со хармонизианите прописи за Европската Унија за одобрување на тип, ниту е одобрен во Република Северна Македонија, како и за возила кои се одобруваат во постапка за преправени и поправени возила, со што се намалуваат ризиците поврзани со безбедноста на сообраќајот.