„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка

26.02.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основни цели на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење се овозможување на ажурирањето на целокупната слика во Катастарот на недвижности и инфраструктура за тоа каде се наоѓаат сите електронски комуникациски мрежи и средства, со цел нивно поефикасно, полесно и побрзо одржување, а истото би спречило и евентуално настанување на несакани штети доколку во иднина има потреба од градење на друг објект или поставување на опрема на местата каде веќе има поставено електронски комуникациски мрежи и средства.