„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.02.2026
Предлагачи група пратеници
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Предлогот на закон има за цел да ја поедностави и систематизира законската рамка и да обезбеди усогласеност со општите закони за инспекциски надзор и прекршоци, да ја елиминира непотребната формализирана постапка за „едукација“, која 4 создава сложеност и правна фрагментација, а истовремено ја ограничува флексибилноста на инспекторите да постапуваат пропорционално и ефикасно. Ова решение го зајакнува принципот на правна сигурност, овозможувајќи субјектите на надзор јасно да ги предвидат своите обврски и последици, а истовремено оставa простор за примена инспекциските мерки како дел од редовната инспекциска пракса. Со ваквото усогласување, се постигнува поефикасен надзор, поедноставна административна рамка и подобра законска предвидливост за сите засегнати страни.