„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка

10.12.2025

 Предлагачи: група пратеници

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта е да се ограничи можноста институциите на јавниот сектор да вработуваат лица на определено време поради непредвидливи и итни активности, без јавен оглас, преку упатување од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од евиденцијата на невработени лица. Ваквиот начин на вработување треба да биде ограничен: да може да се користи најмногу два пати годишно и бројот на вработени на овој начин да не може да биде поголем од 5% од вкупниот број на вработени во институцијата. Со тоа ќе се спречи екстензивно толкување што значат „непредвидливи и итни активности“ и ќе се спречи можноста константно да се вработуваат лица на определено време без јавен оглас. Начелото на кое се заснова овој Предлог на закон е транспарентноста: со него се спречува без јавен оглас да се вработуваат лица во неоправдани случаи. Следствено, се предлага продолжување на роковите за усогласување на посебните закони (материјалните закони), каталогот на работни места во институциите во јавниот сектор и нивните акти за систематизација на работните места. Воедно, со Предлогот на Закон се продолжува и рокот за донесување на подзаконските акти бидејќи се потребни подготвителни активности за целосна операционализација на Законот.