„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.12.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со предложениот Закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување се надминува ризикот од правна несигурност, нејаснотии и забуни во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретната проблематика. Исто така, со донесувањето на ваков закон се превенира можноста од злоупотреба на некои должници во однос со доверителите, преку неисполнување на обврските или неповедување стечајна постапка при состојба на инсолвентност, да предлагаат примена на “вонсудското спогодување“, во услови кога, согласно горенаведените аргументи, тоа практично не е можно. Министерството за економија и труд планираше да ја прекине важноста на овој Закон за вонсудско спогодување во завршните одредби од Предлогот на закон за инсолвентност, заедно со постојниот Закон за стечај, но со оглед дека Предлогот на закон за инсолвентност сеуште не е донесен, се носи овој Закон