„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.10.2026 - 11.11.2026 , деловни средби
хотел „Мериот“, Скопје
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Амбасадата на Јапонија во земјата, организира билатерални деловни средби. Настанот ќе се одржи на 19 ноември 2026 година (четврток), од 14:00 часот, во хотел „Мериот“, Скопје.
Оваа бизнис-мисија претставува директно продолжение и надградба на иницијативите започнати на Македонско-јапонскиот бизнис-форум одржан на 12 март оваа година во Скопје. Додека мартовскиот состанок ги постави темелите на новата динамика во билатералните економски односи и послужи за мапирање на компатибилноста меѓу двете економии, претстојниот настан преминува во фаза на конкретно деловно спојување. Целта е отворање простор за директни комерцијални договори, трансфер на врвни технологии, заеднички вложувања и вклучување на македонските производствени капацитети во глобалните синџири на снабдување.
Во рамките на јапонската делегација во Скопје пристигнуваат претставници на реномирани јапонски корпорации, водечки финансиски институции и развојни агенции. Разговорите ќе бидат насочени кон проекти и партнерства со висока додадена вредност во неколку клучни области:
· Енергетика и зелена транзиција: модернизација на преносната и дистрибутивната електроенергетска мрежа, интеграција на обновливи извори, системи за складирање енергија и постројки за преработка на отпад во енергија;
· Патна, железничка и логистичка инфраструктура: интермодален товарен транспорт, меѓународен контејнерски превоз и развој на регионални логистички коридори;
· Градежништво и иновативни материјали: нискоградба, проектирање индустриски капацитети и примена на напредни синтетички решенија за армирање бетон;
· Животна средина и комунални системи: напредни технологии за следење и намалување на загубите на вода и циркуларна економија;
· ИКТ и напредни технологии: вештачка интелигенција, софтверски решенија за логистика и малопродажба, квантни технологии и високопрецизна индустриска мехатроника;
· Проектно финансирање и инвестициско осигурување: инструменти за јавно-приватно партнерство, комерцијални кредитни линии и механизам за намалување на деловните ризици.
Ги покануваме сите заинтересирани македонски компании што работат во наведените дејности да го пријават своето учество кај контакт-лицата.
- Краен рок за пријавување: 10 ноември 2026 година
- Контакт-лица за пријавување и дополнителни информации: