„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ЕФЕКТИВНО ВОДЕЊЕ НА ХИБРИДНИ ТИМОВИ И ТИМОВИ НА ДАЛЕЧИНА– 11.03.2026 година

16.02.2026 - 10.03.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

 Во услови кога хибридната и далечинската работа стануваат ново секојдневие, улогата на лидерите добива нова димензија. Комуникацијата без јасност, недоволната доверба, тивката демотивација, нееднаквата вклученост на членовите на тимот и предизвиците во следење на перформансите се само дел од реалните ситуации со кои денес се соочуваат тим лидерите и раководителите.

Во светски рамки, хибридното работење е веќе доминантен модел: според истражувањата, над 60% од компаниите глобално применуваат некаква форма на хибридна работа, комбинирајќи физичко присуство и работа од далечина, додека пак во Македонија постои благ тренд на раст особено во ИТ, финасиски сектор и компаниите со странски капитал, како и во оние компании кои сакаат да привлечат и задржат квалификуван кадар и да се усогласат со глобалните трендови

Со цел да понудиме практични пристапи, алатки и решенија за овие предизвици, Стопанската комора на Северна Македонија на 11 март 2026 година организира еднодневната обука на тема: „Ефективно водење на хибридни тимови и тимови на далечина“

Обуката е интерактивна и практично ориентирана, со фокус на:

  • градење јасна и ефективна комуникација во хибридни тимови и тимови на далечина,
  • создавање доверба без микроменаџмент,
  • поттикнување ангажираност и мотивација кај вработените,
  • поставување јасни очекувања и KPI индикатори,
  • градење правичност, тимска култура и чувство на припадност.

Преку работа во групи, практични вежби, реални студии на случај и role-play активности, учесниците ќе стекнат конкретни алатки што веднаш можат да ги применат во секојдневната работа.

Ве покануваме да ја искористите можноста за развој на лидерските вештини потребни за современите работни услови и да креирате поефективни, мотивирани и поврзани тимови.

За кого е наменета обуката:

Тим лидери, супервизори, раководители, HR професионалци, проектни менаџери и сите професионалци кои водат или координираат хибридни и далечински тимови.

Придобивки од обуката:
  • Подобрување на комуникацијата и јасноста во хибридни и далечински тимови
  • Градење доверба и одговорност, без микроменаџмент
  • Зголемена ангажираност, мотивација и припадност кај членовите на тимот
  • Практични алатки за следење на перформанси и поставување KPI индикатори
  • Подобра организација на состаноци и работни процеси
  • Развивање лидерски вештини прилагодени на новите модели на работа
  • Конкретен акционен план за примена во секојдневното работење
ПРОГРАМА: 

·        Од комуникација “без тек” до ефективна комуникација иконструктивен фидбек

·        Дефинирање комуникациски правила

·        Улогата на лидерите во градењето доверба и контрола на резултати

·        Role playing

·        Ангажираност и мотивација

·        Поставување KPI’s и јасни очекувања

·        Практични алатки

·        Подготовка на акционен план

Предавач:

Димитрија Ристевски е HR професионалец со искуство стекнато во повеќе реномирани македонски компании, но со посебен фокус на креирање на позитивна организациска култура, развој на лидерски капацитети, креирање програми за учење и развој на вработени, како и, менаџирање на перформансите на вработените. Тој исто така еСертифициран коуч за личен раст и развој, со богато искуство во индивидуален и тимски коучинг, насочен кон градење самосвесност, лидерска зрелост и одржлив професионален развој..

Како обучувач и фасилитатор, има реализирано над 200 обуки на повеќе од 40 различни теми од областа на менаџмент, лидерство и меки вештини, работeјќи со тим лидери, менаџери и извршни тимови од различни индустрии. Неговиот пристап се базира на практична примена, интеракција и реални деловни ситуации, со цел создавање трајни промени во однесувањето и лидерскиот стил и ги комбинира современите HR практики, коучинг методологии и реални организациски предизвици. Неговата мисија е да им помогне на лидерите и организациите да создадат ефективни, мотивирани и одржливи тимови, подготвени за динамиката на модерното работење.

 
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
  • работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.


Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 9 март 2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев 

Телефон: 02 32 44 067  
 
 

 м-р Aнита Рафајловска   

Телефон: 02 32 44 057

anita.mitrevska@mchamber.mk