„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ

12.02.2026 - 03.03.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 Правилното управување со опасни материи и опасен отпад претставува една од најважните обврски за секоја компанија и институција, со директно влијание врз безбедноста на вработените, заштитата на животната средина и усогласеноста со законската регулатива.

Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 03 март 2026 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ.

Зошто е важно да присуствувате?

Неправилното постапување со опасни материи и отпад може да предизвика сериозни ризици по здравјето на работниците, загадување на животната средина, како и значајни правни и финансиски последици за организациите.

Семинарот ќе овозможи учесниците да се стекнат со практични знаења и компетенции за:

  • законски усогласено управување со опасен отпад;
  • правилно класифицирање и постапување со опасни супстанции;
  • управување со ризици при ракување и складирање;
  • инспекциски надзор и критични точки во пракса;
  • современи методологии и ЕУ регулативи во областа.
Програмата ќе се реализира во 4 сесии:

I. Закон за управување со отпад

  • Општи одредби;
  • Примена на Законот;
  • Делокруг и основни дефиниции.

II. Начела за одржливо управување со отпад, „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна – Закон за безбедност и здравје при работа“ и Eу-регулатива.

III. Опасности и штетности од управување со опасни материи и опасен отпад, управување со ризикот при ракување со опасни материи и опасен отпад, надзор и надлежни органи, Делокруг на државниот инспектор за животна средина - мониторинг.

IV. Постапување со опасен отпад, правила за постапување со опасниот отпад.

➡️ Заклучоци и дискусија

Предавачи:
  • Проф. д-р Иван Ефремовски
    Доктор по правни науки, Декан на Факултетот за правни науки при МСУ
  • Проф. д-р Цвете Димитриеска
    Редовен професор, Технички факултет – Битола
  • м-р Љупчо Стојановски
    Стручно лице за животна средина
  • асс. м-р Благој Димовски
    Технички факултет – Битола
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Македонското здружение за заштита при работа.
 
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 27 февруари 2026 година.
 
За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:
 

-       Електронски работен материјал;

-       Сертификат за присуство на семинарот;

-       Потврда со 10 бода;

-       Закуска и освежување.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074