„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.09.2024 - 09.10.2024 , Форум
Стопанска комора на Австрија, Виена, хибриден настан, 9-11 октомври 2024 година
https://www.machineryforum.at/
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Австрија и со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, во рамките на проектот Enterprise Europe Network ве покануваат да бидете дел од претстојниот Меѓународен форум за машини 2024, што ќе се одржи од 9 до 11 октомври 2024 година во Виена, во просториите на Стопанската комора на Австрија.
1. Конкурентно производство на глобален пазар – претставување на стратегиите за одржување конкурентно производство на глобалниот пазар, вклучувајќи ги перспективите на политичките и на економските трендови
2. Нови технологии – претставувањеважни иновации и технологии кои ги трансформираат фабриките
3. Технологии за намалување на CO2 во производството – претставување револуционерни технологии насочени кон намалување на емисиите на CO2 во производството, придонесувајќи за поодржливи индустриски практики
4. Индустриска вештачка интелигенција – претставување нанајновите достигнувања во индустриската вештачка интелигенција, вклучувајќи анализа на визуелни временски серии, вештачка интелигенција за управување со делови и интелигентни системи за следење на процесите
5. Индустриска зголемена реалност (AR) и виртуелна реалност (VR) –
индустриската зголемена реалност (AR) е примена на високо визуелни, интерактивни методи за прикажување релевантни дигитални информации во рамките на претпријатијата и на индустриските простори. Индустриските решенија за индустриската зголемена реалност (AR) нудат подобар начин за креирање и за испорачување упатства за работа, процедури и критични информации кои лесно се трошат со преклопување на содржината на работните средини од реалниот свет – поврзување на вработените и подобрување на деловните резултати.
6. Производство на адитиви –претставување на најновите трендови за производството на адитиви, вклучително и керамичко печатење со високи перформанси и со други иновативни материјали.
7. Одржливи производствени технологии –претставување остварливи решенија за одржливо производство, со фокус на процесите на зелено производство и на оптимизација на рециклирањето.
8. Автоматизација и роботика –претставувањеи дискусија за промената на парадигмата во автоматизацијата и истражување технологии за автоматизација во нова производствена форма.
9. Закон за синџирот на снабдување –дискусија околу последиците од Законот за синџирот на снабдување на ЕУ и како можат компаниите да ги исполнат барањата за корпоративна длабинска анализа.
10. Глобален развој на бизнисот – претставувањеи дискусија од експерти во индустријата за да прикажатстратегии за откривање скриени пазари и за поттикнување глобален раст на бизнисот.
Меѓународниот форум за машини 2024, како хибриден настан, ќе се одржи од 9 до 11 октомври 2024 година во Виена, во просториите на Стопанската комора на Австрија.
Настанот е поддржан и од go-international, заедничка иницијатива на австриското Сојузно министерство за труд и економија и на Австриската федерална стопанска комора.
Пријавувањето за сите заинтересирани компании е бесплатно, а трошоците за превоз и сместување (Скопје – Виена – Скопје) се на товар на самите компании.