„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
06.11.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основни цели на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење е усогласување со одредбите од Законот за енергетика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/25, 135/25 и 172/26) и подзаконските акти произлезени од истиот, на тој начин што за градбите за производство на електрична енергија наместо прибавување на известување за започната постапка за издавање на овластување за изградба на објект за производство на електрична енергија, ќе се прибавува известување од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, дека градбата е опфатена со годишниот план за изградба на објекти за производство на енергија, како и предвидување на системско решение за давање на мислење од Министерството за внатрешни работи на проектната документација при издавањето на одобрение за градење за градбите од областа на патната инфраструктура. Додека за градбите од членот 73 став (1) од Законот за градење се воспоставува соодветен начин на постапување преку соодветна примена на Законот за заштита на културно наследство, а воедно се за истите во рамките на технолошко индустриските развојни зони се воспоставува соодветна надлежност за постапување по поднесените бара од страна на закупците и сопствениците на земјиштето, или од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Водено преку предлог одредбите се врши овозможување постапките за реконструкција, адаптација и реконструкција со адаптација на градбите во рамки на заштитени подрачја и/или споменички целини исклучувајќи ги контактните зони и тоа: објекти од профана архитектура-христијански и исламски, објекти од сакарална архитектура-христијански и исламски и археолошки локалитети, како и за градбите кои се опфатени со поединечен акт за заштита да се вршат согласно одредбите од Законот за заштита на културното наследство. Исто така и регулирање на преземените постапки за реконструкција на објектите во сопственост на државни органи, јавни претпријатија, правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонија и други субјекти основани од Владата на Република Северна Македонија или Собранието на Република Северна Македонија, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, на тој начин што се овозможува запишување во Агенцијата за катастар на недвижности, се со цел регулирање на имотно правниот статус на истите.