„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување

16.10.2026

Предлагач е Владата на РСМ.

 
 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со овој предлог на закон се предлага воспоставување на три вида на портфолија во рамки на доброволните пензиски фондови: растечко, балансирано и конзервативно портфолио – кои претставуваат посебни делови на доброволниот пензиски фонд и се разликуваат согласно нивото на инвестиционен ризик и структурата на вложувања. Утврдувањето на видот на портфолио се врши во зависност од возраста на членовите на доброволните пензиски фондови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Со воведување на повеќе портфолија со различно ниво на ризичност се овозможува:-Обезбедување поголем очекуван принос за помладите членови на доброволните пензиски фондови преку повисоко ризични портфолија.- Зголемување на стабилноста за членовите кои се приближуваат кон пензија преку преминување во балансирани портфолија кои комбинираат принос и умерена заштита од пазарни флуктуации.-Намалување на ризичноста со приближување кон пензионирање, со цел заштита на досега акумулираните средства преку конзервативни стратегии на инвестирање и минимизирање на можните пазарни шокови во завршната фаза од членството.