„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
27.07.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на Предлогот на закон е создавање посебна правна рамка за , организација и спроведување на Проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со која ќе се обезбеди современ, независен и одржлив модел на управување со културата. Предлог законот се темели на следниве начела 1. начело на законитост; 2. начело на итност; 3. начело на уметничка и програмска независност; 4. начело на јавност, транспарентност и отчетност; 5. начело на стручност и професионалност; 6. начело на еднаков третман и недискриминација; 7. начело на партиципативно управување; 8. начело на европска и меѓународна соработка и европска додадена вредност; 9. начело на одржлив развој и зелена транзиција и 10. начело на заштита на културното наследство. Со Предлогот на закон се предлагаат следните основни решенија се: 1. утврдува правната рамка за реализација на Проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“; 2. основа и се уредува статусот на Фондацијата „ Европска престолнина на културата - Скопје 2028 година“ како субјект одговорен за реализација на Проектот; 3. обезбедува автономност во организацијата и работењето на Фондацијата, со механизми на надзор, отчетност и контрола; 4 4. воспоставува модел на повеќегодишно финансирање преку средства од Буџетот на Република Северна Македонија, Буџетот на Град Скопје, Буџетиот на општините во градот Скопје и други општини на чие подрачје ќе се спроведува Проектот, европски и меѓународни фондови, донации, спонзорства и други извори; 5. уредуваат културните зони и културните простори како механизми за активирање на јавни, приватни и неискористени простори за културни намени; 6. воспоставуваат посебни правила за реализација на културни проекти, адаптација и користење на простори и објекти за потребите на Проектот; 7. се уредуваат механизмите за поддршка на независната културна сцена, современата уметност и културните и креативните индустриисе предвидуваат механизми за транспарентно финансиско управување, известување, јавен увид и контрола; 8. се воспоставува законска основа за долгорочен план за одржливост и развој на културното наследство на Проектот по 2028 година.