„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.04.2026
Надлежно е Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.
ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН
Целта на предложениот закон е прецизирање на одредби поврзани со адресирање на недостатоци на одредби од законот утврдени со Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година (одредби во врска со примена на мерките од страна на сите физички и правни лица, воведување на официјални процедури во врска со почитувањето на процедурите на ОН, процедури за поднесување барања за симнување од листата до надлежните органи. и др.).