„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.04.2026
Надлежно е Министерство за економија и труд.
Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се заснова врз истите цели и начела врз кои е заснован Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.
Една од клучните цели за донесување на измените и дополнувањата на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица е неговото усогласување со законодавството на Европската Унија и тоа со Директивата (ЕУ) 2019/1151 на Европскиот парламент и на советот од 20 јуни 2019 година за изменување на Директивата (ЕУ) 2017/1132 за употребата на дигитални алатки и процеси во правото на трговски друштва. Овие законски измени се неоходни бидејќи обработката на личните податоци претставува составен дел од водењето на трговски регистар и регистар на други правни лица, односно од воспоставувањето и одржувањето на евиденциите на правните субјекти (трговски друштва, здруженија и други субјекти на упис утврдени со закон) регистрирани на територијата на Република Северна Македонија. Основа цел е да се обезбеди контролирана, безбедна и законска размена на лични податоци со надлежни државни органи, јавни институции, установи, меѓународни организации, други надлежни регистри и регистарски платформи – со што ќе се подигне квалитетот, точноста и веродостојноста на податоците. Со измените се предвидува и нормативно уредување на поврзувањето на едношалтерскиот систем со други официјални регистри и изворници на податоци, како што е Централниот регистар на население, што е клучно за обезбедување целосни и точни податоци во правниот промет.
Во Законот за едношалтерски систем за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица недостасуваат одредби кои на соодветен начин ја уредуваат заштитата на личните податоци. Од таа причина со предложените измени и дополнувања се врши вметнување на задолжителните одредби за заштита на личните податоци, како и пропишување на технички и организациски мерки за спречување на евентуална злоупотреба на податоците. Со ова законско усогласување ќе се обезбеди целосна конзистентност со националната и европската регулатива за заштита на личните податоци, што ќе придонесе за зголемена правна сигурност, транспарентност и доверба во функционирањето на институциите.
Со донесување на Предлог законот ќе се обезбеди водење родово разделена статистика на деловните субјекти, односно во обрасците кои се пополнуваат при упис на основање/упис на промена на фирма да се внесе опцијата “пол“ (машки, женски) во делот на податоците за физичките лица кои се јавуваат во различни улоги во правните субјекти, со што при внесување на податоците од обрасците во регистарот ќе се внесе и полот на субјектите на упис независно од нивното својство. Тоа ќе доведе до системски приод во обезбедувањето на овие податоци што ќе создаде можност за изготвување на разни публикации во кои ќе бидат прикажани потребни и доволно податоци за економската активност на жените кои би дале јасна слика за бројот на компании кои се во сопственост и управувани од жени, во која категорија ( микро, мали, средни, големи) се тие компании, во кои дејности се, во кои општини, односно во кои плански региони припаѓаат, колку лица вработуваат, каква е нивната застапеност на меѓународните пазари итн. Ова ќе претставува солидна основа за обезбедување на следење на состојбите и движењата кај истите преку креирање на солидна база на податоци заради креирање на соодветни политики, односно мерки и активности во насока на поттикнување и поддршка на разавојот на женското претприемништво во земјава.
Со воведувањето на нова НКД Рев.2.1 се јави потреба за измени во законот со цел воведување можност за усогласување на Главната приходна шифра по службена должност од страна на Централниот регистар, за оние субјекти чии финансиски извештаи не содржат податок за Главна приходна шифра.
Измените во делот за одземање на овластување на регистрационите агенти се однесуваат на дополнување и воведување нови критериуми за одземање на овластување на регистрационен агент, со цел обезбедување на ажурни податоци за лицата кои имаат овластување за пристап до системот за е-регистрација на Централниот регистар.