„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за земјоделско земјиште

16.04.2026

Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Цели на предлог регулативата

Главни цели на предлог законот се:

1.           трајно зачувување на површината на земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс;

2.           заштита, одржување и унапредување на плодноста, квалитетот и производниот потенцијал на земјоделското земјиште и пасиштата;

3.           обезбедување одржливо користење и управување со земјоделското земјиште во согласност со неговата намена;

4.           спречување и намалување на деградацијата, оштетувањето, пустошењето и трајната пренамена на земјоделското земјиште;

5.           зачувување и унапредување на биолошката разновидност и функциите на земјоделските екосистеми;

6.           јакнење на отпорноста на земјоделското земјиште и пасиштата кон климатските промени и унапредување на нивната улога во ублажување на климатските промени;

7.           намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на секвестрацијата на јаглерод во земјоделското земјиште, во согласност со националните и меѓународните обврски;

8.           обезбедување рационално, економично и транспарентно располагање со земјоделското земјиште и

9.           унапредување на функциите и екосистемските услуги на земјоделското земјиште во интерес на руралниот развој, националната економија и благосостојбата на општеството.