„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Известување за почеток на процесот за подготовка на предлог на закон за земјоделско земјиште

15.04.2026

На ЕНЕР има објавено известување за почеток на процесот за подготовка на предлог на закон за земјоделско земјиште

Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Цели на предлог законот: Цели на предлог законот се трајно зачувување на површината на земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс, заштита, одржување и унапредување на плодноста, квалитетот и производниот потенцијал на земјоделското земјиште и пасиштата,обезбедување одржливо користење и управување со земјоделското земјиште во согласност со неговата намена,спречување и намалување на деградацијата, оштетувањето, пустошењето и трајната пренамена на земјоделското земјиште,зачувување и унапредување на биолошката разновидност и функциите.

Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите : info@mzsv.gov.mk