„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.04.2026
На ЕНЕР има објавено известување за почеток на процесот за подготовка на предлог на закон за земјоделско земјиште
Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Цели на предлог законот: Цели на предлог законот се трајно зачувување на површината на земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс, заштита, одржување и унапредување на плодноста, квалитетот и производниот потенцијал на земјоделското земјиште и пасиштата,обезбедување одржливо користење и управување со земјоделското земјиште во согласност со неговата намена,спречување и намалување на деградацијата, оштетувањето, пустошењето и трајната пренамена на земјоделското земјиште,зачувување и унапредување на биолошката разновидност и функциите.