Надлежно е Министерство за здравство
1.1 Опис на состојбите
Со овој закон се уредуваат условите под кои можат да се земаат, чуваат, обработуваат, разменуваат, пренесуваат и пресадуваат делови од човечкото тело (органи и ткива) од живи или умрени лица заради лекување, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи што вршат работи на земање, чување, обработување, разменување, пренесување и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, организацијата и спроведувањето на земањето и пресадувањето делови од човечкото тело, како и надзорот над спроведувањето на овој закон.
Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања на Законот во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административни постапки и овозможување секој за себе за време за живот да може да се определи за потенцијален донор на органи по смртта.
1.2 Причини за проблемите
Причините за постојната состојба се поврзани со имлементацијата на одредбите од Законот во формирање на Комисиитте, утврдување на вољата за дарување на починат донор, можноста за дарување на орган на сродник од четврти степен на сродство кога постои моедицинска можност.
Цели на предлог:
Основната цел на Предлог-законот се подобрување на спроведувањето на Законот и позадоволни пациенти.