„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, по скратена постапка

07.04.2026

Предлагач се група пратеници.

ВОВЕД I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Предлогот на Закон за стручно образование и обука се додава нова одредба за определување на платата на директорот и заменик на директорот на Центарот за развој на стручното образование, како и со одредби со кои се прецизираат категориите и нивоата на работните места на вработените даватели на јавни услуги во Центарот и нивните плати.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целите и начелата на овој закон се согласно целите и начелата во Законот за стручно образование и обука.