„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.04.2026
Предлагач се група пратеници.
ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Во Законот за образование на возрасните во членот 22 е уредено дека трошоците за верификација на посебната програмата на установата или институцијата за образование на возрасните паѓаат на товар на подносителот на барањето. Исто така, во членот 34 е уредено дека трошоците за проверката на исполнетоста на условите за акредитација на избраниот понудувач на услуги за валидација, паѓаат на товар на избраниот понудувач на услуги за валидација. Со оглед дека државно средно училиште регионален центар за стручно образование и обука, согласно со Законот за стручно образование и обука, врши и образование за возрасни и валидација на неформално образование и искуствено (информално) учење. Со Предлогот на закон се врши усогласување со Законот за стручно образование и обука.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целите и начелата на овој закон се согласно целите и начелата во Законот за образование на возрасните.